БоксПрофесионален

Мани Пакијао: Борбата со Флојд Мејведер не е егзебициска

Филипинецот Мани Пакијао изјави дека потпишал договор за борба со Флојд Мејведер и дека нема да се врати на боксерскиот ринг против Американецот доколку станува збор за егзибициски меч.

49-годишниот Мејведер и 47-годишниот Пакијао минатиот месец објавија дека во септември ќе се сретнат во „Сфера“ во Лас Вегас, а борбата ќе се емитува глобално на Нетфликс.

Сепак, Мејведер минатата недела изјави за „Вегас спортс тудеј“ дека тоа ќе биде егзибициски меч, а не вистинска борба, а местото на одржување сè уште не е одредено.

„Ако така чувствува, тој потпишал за вистинска борба. Договорот што го потпишавме е за вистинска борба. Треба да го запомни тоа“, изјави Пакијао за локалните медиуми.

Флојд Мејведер, кој има совршен скор од 50-0 со 27 нокаути, го победи Мани Пакијао во 2015 година во меч наречен „Борба на векот“.

Џас Матур, извршен директор на „Мани Пакијао промоушнс“ и продуцент на настанот, рече дека договорот е за борба.

„Во последните три месеци, никој не го покрена прашањето за местото на одржување или дека борбата не е професионална“, изјави Матур за ЕСПН, додавајќи: „Неговиот тим ги има сите договори. Тој ги потпиша сите договори“.

Борбата во 2015 година меѓу двајцата боксери генерираше рекордни 4,6 милиони купувања за платено гледање и 72 милиони долари приходи од билети во живо во арената „МГМ Гранд гарден“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON