Мани Пакијао (Филипини) и Амир Хан (Англија) најверојатно ќе се сретнат на 22 април. Ова го објави промотор на Филипинецот, Боб Арум. Мечот ќе биде за титулата на Светската боксерска организација (ВБО) во полусредна категорија.
„Преговорите меѓу тимот на Пакијао и тимот на Кан беа завршени за 23 април. Тоа е она што го сакаат навивачите“, напиша Пакијао на Твитер.
Претходно овој месец, промоторот на Пакијао Боб Арум соопшти дека е постигнат договор за да се бори со Џеф Хорн истиот датум во Бризбејн.
Една недела подоцна „Пек-мен“ изјави дека неговата следна борба нема да му биде во Австралија, туку во Абу Даби или Дубаи, а, најверојатно, противник ќе му биде Амир Кан.
Арум за ЕСПН изјави дека инвеститорите од Обединетите Арапски Емирати нудат 38 милиони за организација на мечот Пакијао-Кан.
Пакијао (59-6-2, 38 КО) се врати во рингот во ноември минатата година, по краткото пензионирање, победувајќи го Џеси Варгас за појасот на ВБО во велтер категорија. Кан (31-4, 19 КО) не се борел од мај минатата година, кога во Вегас тешко го нокаутираше Канело Алварез.
Првично Пакијао требаше да се бори со Џеф Хорн, но Филипинецот побарал да се сретне со својот поранешен спаринг партнер.