Мани Пакијао (Филипини) ја одбрани титулата на Светската боксерска организација (ВБО) во полусредна категорија. Тој на поени го победи Крис Алгиери на галавечерта во Макао, Кина. Филипинецот доминираше на средбата и забележа вкупно 6 нокдауни. Тоа беше 57 победа (38 со нокаут) за Пакијао, кој има 5 порази и 2 нерешени борби. Алгиери на своето конто има 20 победи (8 со нокаут) и 1 пораз.