Мамед Халидов (33-4-2) на брзина дојде до победа во главната борба на АЦБ настанот во Манчестер.
Чеченско-полскиот борец за само 21 секунда го нокаутира поранешниот УФЦ борец Луке Барнат (12-4). Халидов со десен свртен директ го затресе, а потоа со серија на удари го заврши 28-годишниот Англичанец и ја прекина неговата низа од четири победи која датира од заминувањето од УФЦ во 2015 година.
Али Багов (23-10) со обратен триаголник заспа поранешениот борец на Белатор Буб Џенкинс (11-4).
Романецот Аурел Пиртеа (12-8-1 НЦ) го изненади Сол Роџерс (12-2) и со гилотина во втората рунда го заспа Англичанецот и ја прекина неговата серија од шест победи.
https://youtu.be/5r7BqOr6IVI
https://youtu.be/w2xZCVoXfZ0
https://youtu.be/6N-xli3iT8Y
.