Поранешниот светски боксерски шампион Поли Малигнаџи овој викенд недела бокс со голи тупаници се бори против ММА борецот Артем Лобов.
Нивното ривалство датира од времето кога Малигнаџи му беше спаринг партнер на Конор Мек Грегор за борбата со Флојд Мејведер.
Малигнаџи се обиде да дојде до бокс меч со Мек Грегор, а кога тоа не му успеа се сврте спрема неговиот пријател Лобов.
32-годишниот Лобов е просечен ММА борец со скор 13-15-1-1 ЦН, додека Малигнаџи беше светски боксерски шампион.
38-годишниот Американец е убеден дека некој кој мисли дека Лобов може да го победи во бокс мора да е глупав, но и дека тоа му дава шанса за заработка.
Битката помеѓу Малигнаџи и Лобов на БКФЦ/BKFC 6 во Тампа ќе биде плати-па-гледај и боксерот смета дека благодарение на наивните ММА навивачи може да смета на добра заработка.
„Фала му на Бога што неговата база на ММА фанови е толку ебено глупа што ми го овозможи ова“, изјави за ММА фајтинг.
„Јас на тоа гледам со благодарност. Вака лесна борба како главен борба на настанот. Така гледам на тоа. Не можам да верувам. Бев во рингот со врвни борци, во главните борби на стадионите и во најголемите арени, ме најавуваа како првак на светот. А сега се борам со човек за кој мислам дека никогаш не се борел со некој кој бил светски првак, а камоли самиот да се борел за титула. Верувајте ми дека сето тоа ми поминува во главата“.
„Ќе фатам да размислувам за тоа и си велам дека само може да бидам благодарен. Не постои вистински начин да се постигне така лесна борба на така против пропаднат тип, освен ако неговите фанови се тотално глупави“.
.