Малдонадо во Таџикистан ја прекина низата од 4 порази (ВИДЕО)

Фабио Малдонадо (23-11) се бореше на Фајт најтс Глобал 60 во Таџикистан.

36-годишниот Бразилец во главниот град Душанбе со технички нокаут во првата рунда го победи многу понеискусниот домашен борец Хамид Давлатов (2-1), на кого тоа му беше само четврта професионална борба. И двајцата во мечот влегоа со 100 килограми.

Малдонадо го уриваше противникот со левицата во пределот на црниот дроб и го заврши со граунд енд паунд на крајот од првата рунда.

На Бразилецо ова му е прва победа од октомври 2014 година, кога во УФЦ го победи Ханс Стрингер.

https://youtu.be/1a9rjYAffy0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON