Фабио Малдонадо се произнесе за борбата против Федор Емилијаненко, во која беше поразен со мноизнска одлука на судиите.
Многумина сметаат дека Русинот е протуркан од страна на судиите и дека борбата требало да биде нерешена, а Бразилецот е дури и со пионаков став, тој мисли дека требало да биде победник во оваа борба.
„Имам максимално почитување спрема Федор, и е еден од најпријатните борци што сум ги сретнала во мојот живот и јас сум многу среќен што се борев во Русија против него. Но, јас ја добив оваа борба, зарем не? Третата рунда не ја доби, а и да е, во најлош случај, може да биде нерешено. Судиите видоа она, што освен нив, никој друг не го виде. Тој беше подобар во втората рунда, но никако 10-8, а во првата рунда без сомнение требаше да биде 10-8 за мене“, рече тој.
Сепак, додаде и убави зборови за Федор и неговите вештини, поради кои борбата никако нему беше лесна, особено во втората рунда, каде што прими многу тешки удари.
„Паѓаше неколку пати, неколку пати за малку ќе дојдеше до прекин, сите знаат дека тоа е 10-8, а можеби дури 10-7. Навистина, на почетокот ме прикова на оградата, но тоа беше само затоа што сакав да ме нападне. Но, морам да признаам дека е неколку пати се врати, па дури и кога беше потресен не беше лесно да го потфатам и понатаму удираше. Луѓе мои, неверојатно силен човек, а како удира. Секој директ ме потресе“.
Навистина, по вчерашната борба слушнавме доста различни ставови, а се чини дека уште некое време оваа борба ќе биде актуелна. Федор повторно беше хит, па макр тоа било и во ситуација кога тој имаше еден од најлошите настапи во неговата кариера.