Натпреварувачите на ММА клубот „Максам“ од Прилеп минатиот викенд настапија на аматерски меѓународен турнир во мешани боречки вештини и кик -бокс К-1 во организација на клубот „Таурунум“, при што неискусните Наумче Трајкоски -83 кг,Христијан Граороски -64 кг и Христијан Тасески -64 кг се сретнаа со далеку поискусни противници и беа поразени.
„Имавме тешки борби со многу поискусни противници кои доаѓаа од одлични клубови. Ако се земе предвид дека двајца противници беа од тимот Душан Џакиќ, а еден од тимот на профи борецот Стефан Звер ,тогаш веќе се е јасно. Станува збор за јаки клубови со силни и искусни тренери. Борци кои се подгутвуваат во одлични услови, опремени сали, целосна опрема и услови за таков тип на тренинг. Двајца наши борци за прв пат учествуваа на ваков турнир, пресудна беше и тремата и неискуството, а најголем противник ни беше патувањето, студот и заморот по пат за Белград“, вели нивниот тренер Пеце.
Сепак, тој нагласува, дека е добро тоа што, и покрај поразите, ниту една борба немала завршница, немало нокаути или повреди. Сите борби се решени на поени со судиска одлука.
„Нашите борци се покажаа одлично, се снајдоја дури и во одредени момети доминираа во борбите .Тоа се млади и надежни борци, двајца се по 18 години, а еден е 16,чие време допрва доаѓа. Сепак, најважно ни беше што учествувавме на еден ваков турнир, за да стекнеме искуство и да го промовираме на нашиот тим. Имавме прилика да се запознаеме и со светски имиња од светот на боречките спортови, како што се Душан Џакиќ,Васо Бакочевиќ-професионален ММА борец и Стеван Живковиќ, европскиот профи шампион во кик бокс. Ова беше едно мнгу големо искуство за сите, кое понатаму ќе ни користи во следните активности и натпревари“, истакна Пеце.
Прилепчани му се благодарни на Дејан Стефановски кој се подготвува за мечот во Греманија, бидејќи цело време бил со нив. Им помагал и им давал поддршка на нашите борци.
Ipon.mk/В.Д.