Макс Холовеј ветува големо шоу во борбата со Илија Топурија

Макс Холовеј ветува големо шоу во борбата со Илја Топурија.

Двајцата ќе се борат за титулата во перо категорија на настанот УФЦ 308, кој ќе се одржи на крајот на октомври во Абу Даби. Топурија ја заложува титулата, а БМФ појасот на Холовеј нема да биде залог. Неодамна Илија се закани дека доколку тој и Макс влезат во размена на удари, тоа ќе доведе до нокаут во негова корист.

Топурија очигледно го потценува Макс, кој е еден од најдобрите во оваа категорија. Балгословениот доаѓа по неверојатниот настап против Џастин Гејџи на УФЦ 300 во април оваа година. Макс ветува дека борбата против Топурија ќе биде уште поневеројатна од онаа против Гејџи.

„Секој тренинг камп се предизвикувам себеси. Сите мислеа дека УФЦ 300 е неверојатен, почекајте да го видите исходот од УФЦ 308. Ќе биде добро“, рече Холовеј на својот Јутјуб канал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON