Американскиот ММА борец Макс Холовеј убедливо извојува нова победа во професионалната кариера.
Во главната борба на настанот УФЦ Фајт најт 225 во Сингапур, Макс го победи Чан Сунг Јунг со нокаут во третата рунда.
Тоа беше 25-ти триумф во кариерата на Блесид и втор по ред откако лани загуби во борбата за појасот во перо категорија против Александар Волкановски.
А за Корејското зомби тоа е трет пораз во последните четири натпревари.
MAX HOLLOWAY SLEPT HIM
— 🌴ᴛʜᴇᴀʀᴛᴏꜰᴡᴀʀ🌴 (@TheArtOfWar6) August 26, 2023
По натпреварот Чан Сунг Јунг објави крај на кариерата. Кореецот се пензионираше по 25 професионални настапи (12 во УФЦ).
Max Holloway SLEEPS Korean Zombie 🥶 pic.twitter.com/W3NKfigAM5
— UFCStats💭 (@TheUFCStats) August 26, 2023
Ентони Смит конечно победи по два порази во низа (Магомед Анкалаев и Џони Вокер).
Американецот во конасловната борба беше подобар од сонародникот Рајан Спан.
Во многу неизвесен дуел Смит со поделена одлука го совлада противникот, што беше негов трет пораз во последните пет меча и втор во низа.
Тоа беше втор меч меѓу нив во кариерата, на кој Ентони повторно беше поуспешен.
Грузискиот борец Гига Чикадѕе доминираше на мечот против Алекс Касерес и со едногласна одлука на судиите оствари нова победа по повеќе од една и пол година пауза.
Успешна беше и Јапонката Риња Накамура која убедливо ја совлада Американката Ферни Гарсија.
Американката Ерин Бланчфилд ја продолжи успешната серија – и во шестиот настап за УФЦ победи.
Ерин со едногласна одлука на судиите беше подобра од Бразилката Таила Сантос.
И двата меча во тешка категорија на големиот настан во Сингапур завршија со нокаут во првата рунда. Прво Валдо Кортес-Акоста го совлада Лукаш Брзески, а потоа Жуниор Тафа го победи Паркер Портер.
Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 225:
Макс Холовеј – Чан Сунг Јунг – КО (удар), Р3 (0:23)
Ентони Смит – Рајан Спан – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Гига Чикадѕе – Алекс Касерес – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Риња Накамура – Ферни Гарсија – едногласна одлука (30–26, 30–27, 30–27)
Ерин Бланчфилд – Таила Сантос – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Жуниор Тафа – Паркер Портер – КО (удар), Р1 (1:24)
Воведни борби:
Валдо Кортес-Акоста – Лукаш Брзески – КО (удари), Р1 (3:01)
Гарет Армфилд – Тошиоми Казама – ТКО (удари), Р1 (4:16)
Михал Олексејчук – Чиди Њокуани – ТКО (тупаници), Р1 (4:16)
Песна Кенан – Роландо Бедоја – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Били Гоф – Јусаку Киношита – ТКО (удари), Р1 (3:49)
Џеј Џеј Олдрич – Лијанг На – ТКО (удари и лакти), Р2 (4:49)
Чои Сеунг-ву – Јарно Еренс – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28).