Викендов македонските караттисти настапија на Балканско првенство за деца, ветерани и сениори, при што во сениорска конкуренција освоија 1 златен, 1 сребрен и 5 бронзени медали во борби.
На првенството учество земаа 10 држави и 1338 спортисти.
Во склоп на репрезентацијата членови на скопски Макпетрол имаа одлично преставување на ова најквалитетно регионално натпреварување. Освоија 1 сребрен и 2 бронзени медали во поединечна конкуренција и се дел од шампионскиот тим во борби и женскиот тим кој освои бронза. Или, според учеството на поединците во кумите тимовитем, тие успеаја да освојат вкупно 9 медали – 3 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали.
„На ова најсилно регионално првенство на кое земаа учество 10 држави од нашиот клуб замина сениорскиот состав и спортистите кои се над 18 години а треба да земат учество на претстојното европско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори кое треба да се одржи во Прага, Чешка. Како спортски колектив задоволни сме од постигнатото, иако имаме квалитет и можности за многу поголеми резултатски постигнувања. Успеавме да освоиме вкупно девет медали, од кои 3 (три) се освоени во поединечна конкуренција, а 6 (шес) медали се освоени во екипна конкуренција со тимовите во борби. Најдобар успех на ова првенство постигна спортистот Петар Заборски кој успеа да освои медали и во двете дисциплини и со двата медали, од кои еден златен и еден бронзен, е најуспешен натпреварувач на овој шампионат.
Исто така, добар впечаток остави младиот натпреварувач Витомир Трајковски. Тој успеа да влезе во финалната борба, претходно имаше 4 (четири) победи и, со оглед на тоа што само што наполни 18 години, ова за нас преставува голем резултат.
Ангела Мојсовска беше стандардна, откако не успеа да влезе во финалето, рутински ја совлада својата противничка од Црна Гора во борбата за бронзениот медал. Сакам да го истакнам посебно следниов податок, многу сум среќен и задоволен од настапот на машкиот тим, кој на ова првенство покажа голема хомогеност, сплотеност и соработка, тоа се особини што до сега како да ни недостасуваа. Сега само треба да го негуваме овој тим да го подготвуваме. Сигурен сум дека тимот, откако станавме балкански прваци, следна цел треба да ни биде освојување на медал од европско и светско првенство“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.
Во поединечна конкуренција борби медали освоија :
1.Витомир Трајковски сребрен медал – 84 кг
Витомир Трајковски – Душан Бјелиќ (Црна Гора)
Витомир Трајковски – Александар Павиќ (Србија)
Витомир Трајковски – Никола Ивановиќ (Србија)
Витомир Трајковски – Михајло Василиќ (Србија)
Финале
Витомир Трајковски – Никола Маловиќ (Црна Гора) 3-6
- Петар Заборски бронзен медал -75 кг
ПетарЗаборски – МенсурЏозиќ (БиХ) 4-1
ПетарЗаборски – СтрахињаРадојчин (Србија) 2-0
ПетарЗаборски – ЃорѓеСалаура (Србија) 0-1
Забронза
ПетарЗаборски – КемалСаховиќ (БиХ) 1-0
- Ангела Мојсовска бронзен медал -68 кг
АнгелаМојсовска – ДинаМахмуд (БиХ) 0-0
АнгелаМојсовска – КсенијаРајовиќ (ЦрнаГора) 4-1
АнгелаМојсовска – МаринаРадичевиќ (Србија) 2-2
Забронза
АнгелаМојсовска – ЈованаСтојановиќ (ЦрнаГора) 3-2
БОРБИ ЕКИПНО ЖЕНИ БРОНЗЕН МЕДАЛ: Три спортистки од вкупно четири во дисциплината борби екипно се спортистки на Макпетрол и освоија бронзен медал, за тимот во борби настапија, Симона Заборска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровска (сите од Макпетрол), како и спортистката Јована Георгиева (Олимпик Скопје).
СЕНИОРСКИ ТИМ ЕКИПНО БОРБИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ:
Тимот го направи најголемиот успех на ова натпреварување, и сите не направи да бидеме многу горди и задоволни од постигнатиот успех. Сениорите успеаја да ги победат силните селекции на Србија во полуфиналната борба и подоцна во финалето ја победија и Црна Гора, го освоија златниот медал, и станаа Балкански прваци во дисциплината екипно борби во сениорска конкуренција.
Овој голем успех го постигнаа следните репрезентативци:
Глигор Петков, Петар Спасеновски, Мурсел Мисими, Дуан Османи, Петар Заборски, Александар Кузмановски (селектор) Фаик Весели Бошко Заборски (тренер) и Вегим Мурати.