На Меѓународниот карате турнир Гранд при Сараево каратистите на Макпетрол освоија вкупно 8 медали – 4 златни и 4 бронзени медали, во конкуренција на стотина клубови со 1000 спортисти.
Со златни медали се закитија:
1.Јована Мицовска, јуниорки -59 кг, златен медал
2.Стефан Стојановиќ + 84 кг У21 и сениори, златен медал
3.Димитар Лозановски, јуниори -76, златен медал
4.Викторија Јовановска У21 – 68 кг, златен медал
5.Марија Петровска -50 кг, бронзен медал
6.Викторија Јовановска сениорки -68 кг, бронзен медал
7.Моника Пендаровска сениорки -61 кг, бронзен медал
8.Давид Петков сениори -75 кг, бронзен медал
Петар Заборски настапи на Топ тен турнирот, накој се бореа 12 врвни каратисти од Светската ранг листа.
„Учеството на турнирот Гранд при Сараево беше успешен за нашите каратисти. Успеавме да освоиме 8 медали и да презентираме врвно и модерно карате. Направиме уште една значајна контрола на моменталната спортската форма на нашите каратисти. Нашите млади репрезентативци кои треба да земат учество на претстојното Европско првенство во Прага, Чешка, Стефан Стојановиќ, Јована Мицовска и Марија Петровска имаа добро претставување. Посебно би ја издвоил младата јуниорка на Макпетрол Јована Мицовска, таа имаше пет победи во својата категорија и покажа дека во моментов е најдобра млада каратистка во регионов. Таа и на турнирот во Самобор минатата недела беше исто така финалистка. Така, веќе по втор пат ја докажува својата подготвеност. Исто така во голем прогрес е нашиот актуелен јуниорски европски првак Стафан Стојановиќ кој повторно заврши како првопласиран. Нашиот сениор Петар Заборски, имаше одлично преставување и настап, тој доби привилегија да настапи на ТОП ТЕН турнирот, турнир каде што имаше само 12 учесници и секој секого победи. Едноставно, немаше непоразен учесник. Тоа докажува дека учесниците беа максимално мотивирани за да ги покажат своите мајсторски техники. Генерално земено, како клуб имавме успешен настап и претставување и на овој престижен натпревар“, изјави по завршување на турнирот Бошко Заборски.