Макпетрол обезбеди четири места во репрезентацијата и е најуспешен на Плејоф турнирот

На Плејоф турнирот за сениори што се одржа во сабота, а кој беше од изборен карактер на карате репрезентацијата за Европското првенство во Гвадлахара, Шпанија,  од 22 до 26 март, Макпетрол во генерален пласман повторно е прворангиран со 11 медали – 4 златни, 5 сребрени и 2 бронзени.

Да потсетиме дека турнирот учествуваа само освојувачите на медали од Државното првенство за сениори кое се одржа минатата недела. Сите спортисти освојувачи на медали во тежинските категории имаа борби меѓу себе.

„Државното првенство и секако Плејоф турнирот се најстресните два натпревари за сите спортисти  тренери и клубови. За нас најважно од се е тоа што успеавме да ги потврдиме и задржавме првите места кои ги остваривме на Државното сениорско првенство минатата недела. Репрезентативен статус за претстојното европско сениорско првенство кое ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија, во последната недела на март, остварија првопласираните четири спортисти, а тоа се:

1.Петар Заборски -75 кг
2.Петар Спасеновски -84 кг
3.Стефан Стојановиќ +84 кг
4.Ангела Мојсовска -68 кг

Второпласирани во своите категории се:
5.Марија Петровска -55 кг
6.Симона Заборска -61 кг
7.Давид Петков -67
8.Глигор Петков +84
9.Витомир Трајковски -84 кг

Третопласирани се
10.Јована Мицовска -61
11.Викторија Јовановска -61 кг

Забележително за овие две првенства и главна констатација е податокот што нашите спортисти имаа доминација во машкиот дел на тежински категории, така, во полутешка категорија (-84 кг) и во тешка категорија (+84 кг), имавме наши финалиња и на Државното првенство и сега на Плејоф турнирот.

На ова првенство натпреварувачка зрелост и голема подготвеност прикажа Петар Заборски -75 кг, тој и на Државното и на плеј офф турнирот забележа максимален број на победи и како непоразен го обезбеди местото во оваа тежинска категорија.

Кај жените на висина на својата досегашна докажаност беше и Ангела Мојсовска, која исто така беше непогрешлива и максимално борбена и успешна во категоријата на (- 68 кг).

Задоволни сме бидејќи покажавме и докажавме на татамите, дека имаме спортски ресурси и за поголем резултат, затоа што сите наши спортисти се максимално и сериозно подготвени за влез во репрезентацијата. Не е тајна дека имавме неколку судиски неправди, кои, ако не се случеа, секако дека ќе имавме и поголем спортски резултат, но тоа е составен дел на нашиот спорт“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON