Макпетрол најтрофеен карате клуб по бројот на освоени медали на државните првенства

По бројот на освоени медали Макпетроле најтрофеен македонски карате клуб на сите времиња во независна Македонија. Во следниот текст ќе дадеме преглед на бројот на освоени медали само од државните првенства на овој спортски колектив, односно Државни првенства од 2001-2025 година.

Неодамна се одржаа Државното првенство за сениори и Државниот „бергер“ турнир за 2025 година, првенствата имаа критериум за избор на сениорска репрезентација на Македонија, Карате клубот Макпетрол освои вкупно 15 медали од кои 8 златни, 5 и 2 бронзени медали.

Сениорскиот тим 2025 – година                                    

Сениорскиот тим 2024 – година

Повеќедецениската доминација на „Макпетрол“се должи на тоа што овој спортски колектив секогаш имал два сениорски тима. Еден тим кој настапувал во машка конкуренција и еден сениорски тим во женска конкуренција. Долго години двата тима суверено доминираа и не дозволуваа да има големи промени во однос на генералниот пласман. Речиси секогаш по број на освоени медали во „генералниот пласман“ клубот беше на првото место.

Успешноста која во континуитет ја постигнува овој спортски колектив во изминатите години, покажува дека во македонската карате историја Карате клубот Макпетрол по број на освоени медали е најтрофеен и најуспешен карате клуб. Епитетот најтрофеен е добиен поради најмногубројните освоени медали од сите видови на натпревари кои се организираат од страна на националната Карате федерација на Македонија (КФРСМ), Европската (ЕКФ) и Светската карате федерација (WKF).

Во оваа статија презентиран е преглед на освоени медалиод Државните првенства како најважни натпревари во текот на годината на државно ниво. Во три одделни табели дадени се вкупниот број на освоени медали и тоа:

  • Освоени медали на клубот Макпетрол од учества на сите државни првенства 2001-2025 година;
  • Вкупен број на медали освоени само во сениорски и (У21) возрасна категорија;
  • Во посебна табела дадена е статистика со вкупен број на освоени медали од Државните „бергер“ турнири, организирани од Македонската карате федерација (КФМ).

Во Табела бр.1, дадени се вкупниот број на освоени медали на клубот “Макпетрол”од сите Државни првенства организирани од страна на КФМ во период од 2001 – 2025 година.

Табела 1 – Вкупен број на освоени медали од Државни првенства во период од 2001-2025 година , на каратисти од К. К. Макпетрол – Скопје

Од прикажаната Табела за период од 2001-2025 година, од учества на државни првенства клубот Макпетролосвоил вкупно 953 медали. 0д кои. 409 (златни ), 289 (сребрени) и 255 (бронзени) медали.

Во следната Табела Бр.2, Презентирани се освоените медали од државните првенстваза сениори и медалите освоени во возрасните категории на помладите сениори (У21). Период 2001-2025 година,

Табела бр.2 – Вкупен број на медали освоени само во сениорска конкуренција и (У21)  

Од Табела бр 2. може да забележиме дека најголемиот број на освоени медали на клубот Макпетролсе од одржаните сениорски државни првенства, како и од државните првенства за помлади сениори(У21).

Токму на овие највисоко рангирани државни првенства, освоени се и најголемиот број од медалите или вкупно 462 медали. Од кои 218 златни, 148 сребрени и 96 бронзени медали.

„Во системот на натпревари на КФМ од 2009 година, се воведе дополнителен Државен натпревар по „бергер систем“, овој натпревар е еден од критериумиза избор на репрезентацијата, кога најдобрите 4 (четири) спортисти, освојувачите на медали од државното првенство за дадената година, сега се натпреваруваа секој со секого во својата  категорија и победникот од секоја категорија се стекнува со статус државен репрезентативец на Македонија. Ова првенство, кое насилно се наметна како највисоко рангиран критериум со години предизвикуваше најголеми стресови за сите тренери и спортисти, и изобилуваше со многу конфликтни и субјективни моменти при изборот на репрезентацијата“, вели творецот на овие успеси, тренерот Бошко Заборски.

Во следната Табела бр.3,  се освоените медали од овој вид на натпревар:

Табела бр.3 Освојувачи на медали од сите Државни – Бергер натпревари за влез во репрезентацијата

Од табелата бр.3 можеме да забележиме дека од 2009-2025 година вкупно се освоени 358 медали на државните турнири Бергер натпревари (Плејофф).

  • Златни медали и прворангирани спортисти кои станале репрезентативци во државниот тим на Македонија, од Макпетрол биле вкупно 147 спортисти, ова се спортисти кои учествувале на Европски и Светски првенства за националната репрезентација на Македонија во споменатиот временски период.
  • Второрангирани на овие турнири се натпреварувачи со сребрени медали, освоени се 146 сребра, да нагласиме дека еден дел и од овие спортисти биле во составите на екипите во сениорска конкуренција, или биле прва замена ако прворангираниот бил спречен да отпатува на натпреварот (европско или светско првенство), додека како третопласирани на овие турнири биле 65 спортисти од Макпетрол.
  • Забележително е дека повторно најголем број на освоени медали во сениорска конкуренција или вкупно 186 медали, помладите сениори (У-21) освоиле вкупно 61 медал, кадетите 76 медали и јуниорите се со 35 освоени медали.
  • Што точно значат овие бројки на освоени медали? Во карате спортот во дисциплина кумите – борби има 5 (пет), тежински категории за мажи и 5 (пет), тежински категории за жени, дополнително во дисциплината борби има 1 сениорски тим за мажи и 1 сениорски тим за жени, во текот на една година хипотетички ако ги освоите сите први места, како клуб ќе имате за таа година 12 златни медали во дисциплината борби. Од приложените табели можеме да заклучиме дека каратистите на Макпетрол освоиле повеќе од 50 % од вкупниот број на златни медали за истражениот период само од наведените Државни првенства за највисокорангираните возрасти во сениори и помлади сениори (У-21). Ако се земат предвид за статистичка анализа и вкупен број на освоените сребрени медали, тогаш (%), на освоени медали е многу повисок. Останатата половина на освоени медали, за сите овие години припаѓа на сите останати клубови членки на Карате федерацијата на Македонија.
  • Сите медали кои се освоени имаат своја тежина и вредност, но, сепак, сениорските медали се највредни и најтешки за освојување, затоа тие во спортот имаат и највисок рејтинг. Во секој спорт, сениорските постигнувања се највисокорангирани резултати. Клубовите кои имаат сениорски тимови се највисокорангирани клубови во државата. Бројот на освоени медали вo категоријата сениори го дава точно утврдениот ранг за успешноста на клубот за истражениот временски период. Од статистичката анализа на прецизно издвоени резултатски постигнувања, можеда констатираме дека Карате клубот Макпетрол – Скопје е историски најуспешниот спортски колектив кој константно придонесувал за успешноста и развојот на карате спортот во Македонија.

Најавуваме дека во следни статии ќе бидат објавени дополнително интересни статистички анализи за овој најтрофеенклуб.

Сениорскиот тим 2023 – година   

Сениорскиот тим 2022 – година

Макпетрол 2008 г.
Макпетрол 2012
Макпетрол 2013

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON