Карате клубот Макпетрол утре ќе учествува на Меѓународниот турнир „Никон опен 2015“ во Софија, Бугарија, кој се одржува по трети пат.
На турнирот учество ќе земат кадетите: Ева Блажевска и Емилија Чешмаџиевска; јуниорите Петар Заборски, Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска и женскиот тим во борби; Никола Димитријевиќ, Орхан Билали и Игор Таневски ќе настапат во конкуренција на јуниори до 21 година, како и сениоркиот тим во борби.
Екипата ќе ја води поранешниот европски првак Наташа Илевска.
Се очекува на турнирот да настапат околу 500 натпреварувачи од 10 држави.
ipon.mk/В.Д.