Корација опен последна проверка за Макпетрол пред СП во Шпанија

Каратистите на Макпетрол ќе настапат на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен“ во Ријека овој викенд, кој од страна на Крате федерацијата на Македонија е предложен како задолжителна проверка пред Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 25 од 29 окромври во Тенерифе, Шпанија.

 

Се очекува на турнирот да настапат околу 1.650 каратисти од 26 држави од целиот свет во повеќе возрасни категории.

Тренерот Бошко Заборски вели дека ова е последна проверка пред настапот на Светското првенство, посебно за репрезентативците на Македонија: Петар Заборски, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска.

„На овој турнир одиме да го постигнеме она што го имаме зацртано. Најважно е да успееме да ја истемпираме формата на нашите кандидати кои треба да земат учество на Светското младинско првенство во Тенерифе, Шпанија, Секако дека ова претставува последна шанса да се сретнат со преставници на својата возрасна категорија, постари јуниори/ки (У-21). Турнирите од Светската премиер карате лига се само за сениори, и од таа причина како клуб одлучивме дека нашите спортисти треба да имаат средба и со нините врсници од младинските состави на 26 држави“, истакнува Заброски.

Наредниот викенд во Салзбург, Австрија, е Карате 1 Премиер лига –серија А, во зависност од резултатските постигнувања и прикажаните борби, посочува тренерот на Макпетрол, дополнително ќе одлучат дали нивните млади спортисти ќе земат учество и на оваа лига, која треба да биде и последна турнирска проверка пред Светското првенство.

На Кроација опен ќе патуваат: Емилија Чешмаџиева (-50 кг), Ева Блажевска (+ 60 кг), Моника Пендаровска (-55 кг), Давуд Рамадановски (-63 кг), Абдурахим Идризи  (-55 кг), Анѓела Мојсовска (-68 кг) и Петар Заборски (-75 кг).

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON