Македонското девојче Изабела Зајков незапирливо ја гази конкуренцијата во САД. Таа денес на граплинг првенството НАГА, во Детроит-САД, настапи во 4 категории, и освои 4 медали -1 златен и златен појас и 3 сребрени.
Во категорија девојчиња 12-13 години -63 килограми борба со кимоно, која една тежинска категорија повисока од таа каде што Бела настапува, освои прво место и златен појас.
Во категорија девојчиња 12-13 години -63 килограми борба без кимоно второ место. Во категорија девојчиња 12-13 години -57 килограми борба со кимоно второ место и за девојчиња 12-13 години -57 килограми борба без кимоно сребрен медал.
„Изабела покажа добри борби кои резултираа со победа во финалето за златниот појас, но за жал мало невнимание во останатите категории придонесе за минимална бодовна предност за противничките и сребрени медали за Изабела..
Честитки , одличен старт на натпреварувачката 2024 година“, напишаа на Фејсбук од нејзиниот матичен Клуб за боречки вештини Будо од Кавадарци.