Македонскиот тим на Медитеранските игри во Оран, Алжир вечерва продефилира на церемонијата на свеченото отворање.
Македонското знаме на отворањето го развеаја таеквондистот Дејан Георгиевски и каратистката Симона Заборска.
Медитеранскиот тим брои 114 членови од кои 77 се спортисти што е убедливо најголема бројка на наши спортисти на еден ваков спортски самит.
Натпреварите на игрите почнуваат утре, а први од нашите спортисти кои ќе настапат ќе бидат каратистите, како и женската одбојкарска репрезентација која по десет години пауза се враќа на големите настани.