АктуелноДомашна сценаКик бокс

Македонските меѓународни кик бокс судии истакнати за квалитет на Светскиот куп Италија

Ова е голем успех да бидат толку високо рангирани во судискиот состав на ВАКО организацијата, како за нив, уште повеќе и за нас како федерација, бидејќи ќе имаме повеќе влијание во судискиот систем на судење додека нашите натпреварувачи се натпреваруваат.

Нашите меѓународни кик бокс судии Елена Костадиновска, претседател на Судиската комисија во нашата федерација, ја потврди и повторно се стекна со мегународна А лиценца на Светскиот куп Италија, на кој македонските кикбоксери освоија 8 медали – 4 злани, 1 сребрен и 3 бронзени. И меѓународниот судија Никола Бубевски беше истакнат со пофалби за професионално и праведно судење и како награда се стекна со меѓународна Б лиценца.

„Ова е голем успех да бидат толку високо рангирани во судискиот состав на ВАКО организацијата, како за нив, уште повеќе и за нас како федерација, бидејќи ќе имаме повеќе влијание во судискиот систем на судење додека нашите натпреварувачи се натпреваруваат.

Битно е тие да го пренесат стекнатото знаење и да обучат што поголем број наши национални судии. Н атој начин ќе може во иднина да вметнеме што поголем број во судии во судискиот состав на ВАКО и ќе имаме поголемо влијание за фер и праведно судење“, вели претседателот на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски-Урко.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON