Македонските кикбоксери најдобри на Прњвор опен, Матеј Манов дебитираше со борнза (ФОТО)

Матеј Манов од Кик бокс клубот Ас од Делчево дебитираше на Меѓународниот турнир во Прњвор опен, Босна и Херцеговина, на меѓународните купови со бронзен медал.

Манов (-63 кг) во кадетска конкуренција во кик лајт успеа да освои бронзен медал.

Тренерот на екипата Љупчо Стојчевски кој е еден од нашите најеминентни судии судеше на татами, а на церемонијата на отворање од организаторот доби плакета за долгогодишна соработка во кик-бокс спортот.

КБК Ас на ЕП во Скопје имаше двајца репрезентативци Дилан Иванов и Павел Стојчевски во кадетска и јуниорска конкуренција со скромен настап.

Исто така КБК Тетова имаше успешен настап со два златни и еден сребрен медал, Арбен Јонузи судеше во рингот.

На крајот на Купот, претставниците од Македонија се прогласени за најдобри.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON