Македонските кикбоксери ги добија противниците на Светското ВАКО првенство во Албуфеира, Португалија, кое почнува утре.
За македонската репрезентација настапуваат Бобан Илиоски, Климент Грозданоски и Андреа Костовска.
Илиоски и Грозданоски стартуваат од четвртфиналето, а Костовска од осминафиналето. Со по една победа Бобан и Климент ќе обезбедат најмалку бронза.
Но, селекторот Дејан Митровски-Урко пред заминување изјави: „Репрезентацијата е комплетно подготвена. Нашата цел е веќе поставена – атакуваме на светско злато“.
На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.
Светско првенство:
-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) ¼ финале
-55 кг кик лајт
Андреа Костовска – Фани Лаура Ковач (Унгарија) 1/8 финале
-89 кг кик лајт
Климент Грозданоски – Џими Сулеј (Канда)/ Жосуе Ортега (Венецуела) ¼ финале