Македонските кендо натпреварувачи денеска прикажаа добри борби на Европското првенство во сениорска конкуренција во Скопје. Менсур Бојда, Владимир Кесковски, Матеј Ивановски ги поминаа натпреварите по групи.
Андреј Атансовски требаше и тој да ја помине групната фаза, но судиите не му доделија сигурни поени. Марија Наковска во групата имаше една победа и две нерешени средби и обезбеди пласман од 16 до 32 место.
Бојда, Кесковски и Ивановски беа поразени во директните пресметки, но пружија силен отпор.
„Имавме одличен настап. Се боревме против фаворити и освојувачи на медали и бевме рамноправни, а на моменти и подобри. За 2-3 години ќе освиме медал, бидејќи се гледа дека се приближивме со квалитетот на водечките репрезенатции“, велат од нашата репрезентација.
Шампин на Европа во женска конкуренција за сениори е Кепе од Германија, додека Вандер (Белгија) е втора, а трето место гоподелија Мишод – Франција и Мајнберг – Германија. Кај мажите првак е натпреварувачот од Белгија, второто и третото место се за француските репрезентативци и вториот бронзен медал е за Полјак.
Ipon.mk/В. Д.