Вчера тројца македонски каратисти на Меѓународниот карате турнир „Вуковар куп 2016“ освоија четири златни медали и тоа: европскиот вицешампион Абдурахим Идризи два, Реџеп Мустафовски и Медин Дема.
Идризи од КК Макпетрол се натпреваруваше во кати и борби. Во кати во кадетска конкуренција златниот медал го освоил со три беспрекорни победи и тоа во силна кокуренција. Идризи успешно се враќа и во кумите, затоа што го освои првото место во кадетска конкуренција -52 кг, победувајќи во две борби (прва беше слободен). Реџеп Мустафовски од КК Фунакоши Гичин во кати во јуниорска конкуренција беше одличен и со три победи го освои првото место. Додека Медин Дема од КК Куштрими се натпреваруваше во млади кадети (во кју категорија), кој исто така со три победи го освои првото место.
„Вреди да се напомене дека од тројцата пријавивме ката тим, иако никогаш не работеле заедно, по првата изведба, во финале мораа да го предадат мечот, затоа што не можеа да работат бункаи“, велат тренерите.
Организаторот се ставил на располагање нанашите каратисти и ангажирал водич за да го прошетат градот херој и да ги видат неговите знаменитости.
Ipon.mk/В. Д.