Македонските каратисти на Меѓународниот карате турнир „Скопје куп 13 Ноември“или како што европските карате кругови со години го насловуваат „Вадо кај Европско првенство“ во Скопје и денес беа успешни и освоија уште 15 медали и со вчерашниот ден вкупно имаат 67 медали – 28 златни, 19 сребрени и 20 бронзени.
Македонија е најуспешна на турнирот, потоа следуваат Романија, Англија, Белгија, Унгарија, Шкотска…
Резултати:
Џокиќ Реми – злато, жени -47 кг 10-11 години
Немања Младеновиќ – злато, +40 кг 10-11 години
Пане Патраклиски – сребро, +40 кг 10-11 години
Ветон Муареми – бронза, +40 кг 10-11 години
Мевран Мемеди – злато, -40 кг 10-11 години
Марко Џорлев – сребро, -40 кг 10-11 години
Ката тим мажи Македонија – злато, 12/13 годни
Ката тим жени Македонија – злато, 8-11 години
Ката тим жени Македонија 2 – сребрен, 8-11 години
Јуниори
Кумите тим мажи Македонија – злато
Сениори
Кумите тим жени Македонија – бронза
Кумите тим мажи Македонија – злато
Ветерани
Ката тим мажи Македонија – сребро
Кумите тим мажи – Македонија – златен