Македонските репрезентативци на спаринг тренинзи во Дупница (ФОТО)

Taekvondo reprez na podogotovki vo Bugarija borba 2 juli 2016

Македонската таеквондо федерација (МТФ) викендов има заеднички тренизи со Бугарската таеквондо федерација во бугарскиот град Дупница.

Taekvondo reprez na podogotovki vo Bugarija sparing juli 2016

„Стручните штабови се договорија да се изработат четири заеднички тренинзи, на кои ќе се форсираат спаринзи и борби се со цел да се подобри формата за претстојните големи натпреварувања -Европско кадетско првенство во Романијан на 8 септември, Балканското за сите возрасти на 25 септември во Бугарија и Светското јуниорско во ноември во Канада“, велат од МТФ.

За Бугарија отпатуваа 25 репрезентативци од различни возрасти. Тренинзите ги водат селекторите на обете репрезентации.

Taekvondo reprez na podogotovki vo Bugarija juli 2016

Од МТФ нагласуваат до почетокот на август ќе биде истакнат списокот на репрезентативците кои ќе настапат на наведените првенства.

Taekvondo reprez na podogotovki vo Bugarija borba juli 2016

taekvonod makedonija bugarija dupnica

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON