Македонските борачи на „Дан Колов“, Халил Зубаиров го нема во репрезентацијата!

Вранези Данов на дан Колов

Македонските репрезентативци во борење Дејан Митров, Бобан Данов, Јасин Реџелари, Бесмир Весели, Дејан Богданов и јуниорите Николче Петров и Елмедин Сејфелау кои се под стручно раководство на тренерот Љуљзим Вренези и експертот по борење од Украина, Николај Корнеев се во Софија, од денес ги почнуваат настапите на еден од најсилните светски турнири во борење „Дан Колов-Никола Петров“ во Софија, Бугарија.

Сепак, една работа е зачудувачка, кога се знае дека освојувачот на бронзениот медал, Халил Зубаиров, од Европското првенство до 23 години во Полска, дека ќе биде учесник на Европските игри во Баку и е еден од сериозните кандидати кој ќе брка норма за Олимпските игри во Бразил 2016 година, да не биде во сотавот на репрезентацијата.

За оваа ситуација регаираше БК Вардар до Федерацијата за боречки спортови на Македонија, како и за Кристијан Пешко, кој се бори во грчко-римски стил.

Побаравме одговор од селекторот Вранези, но до пуштањето на информацијата не добивме повратна информација.

На реномираниот турнир ќе настапат дванаесет светски шампиони. Особено респекатбилни имиња има кај жените, дури осум, Швеѓанките Матсон, Јохансон и Френсон, Азербејџанките Стандинк и Раткевич, Веавер од Украина, Фокен од Германија и Мекдоналд од Канада.

Во грчко-римски стил тимовите на Иран и Ерменија се со по два светски прваци. Иранците ги предводат Соријано (59 кг) и Норози (66 кг), кои се олимписки шампиони. А ерменските асови се моментално №1 во светот, Џулфалакан (75 кг) и Алексинијан (98 кг).

Привајени се над 330 натпреварувачи од 26 земји.

ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON