Македонскиот воин Даниел Стефановски славеше против Романецот Богдан Слабу на настанот „Гладијаторс најтс 7“ во Цирих, Швјацарија.
Стефановски победи на поени 3-0.
Настанот се одржа во саботата вечерта.
„Борбата беше многу техничка од моја страна, бидејќи противникот одеше само на снага“, изјави Стефановски за ИПОН.мк.
За она што следува по оваа победа:
„Сега имам 2-3 опции од Кина, Бугарија, Германија. Заедно со манаџерот ќе одлучиме овие денови“.