Кристијан Воденски го освои и кнежеството Монако.
Денеска Воденски ја одбрани титулата во граплинг на НАГА во Монте Карло во кнежеството Монако во категоријата до 26 клиограми во експерт г1 класата. Тој беше подобар од Бернд Стјуарт.
Деветгодишниот Македонец, иако има одвај 22,5 кг, славеше против двајца свои противници што беа потешки од него во дисциплината граплинг, а во дисциплината Но Ги освои сребрен медал.
Воденски живее со своето семејство во Офенбах, Германија. Тој одби понуда за германски пасош само за да се бори под македонско знаме, а успешно се натпреварува и во кик-бокс, таеквондо и борење, при што оваа година освојува титула до титула.
На НАГА-шампионатот за ММА-борачи учествуваат околу 300 натпреварувачи.
Минатата година и во Париз Воденски беше прв.
ipon.mk/В.Д.