Македонскиот националист Дејан Ристевски ќе го нокаутира светскиот првак В’лев од Бугарија

Dejan Risteski plakat za Bugarija

Ресенчанецот Дејан Ристевски (-72 кг) во петок настапува на кик бокс настанот „Ултимејт про фајт 5“ во Варна-Бугарија, против домашниот борец Владимир В’лев.

Дејан за бугарските медиуми изјави дека ќе го нокаутира Владимир, а во исто време го окаратеризраа дека е националистички настроен, бидејќи во видео материјалот што е пратен до организаторот во позадина оди македонската химна.

„Да, за бугарските медиуми изјавив дека ќе го нокаутирам, но и по барање на организаторот“, објаснува Ристевски, кој очекув да даде се од себе на овој меч.

„Сакам и да прикажам добра борба, за понатму да имам можност за профи кариера. За него знам дека е многу силен борец и дека е три пати светски првак“, истакнува Ристевски.

А за националистичката реторика вели дека тоа е повеќе маркетиншки потег.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON