Во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција Меѓународниот турнир во борење ,,Македонскиот бисер”, како што нагласија од ФБСМ, ќе биде најмасовен и со најголем број на странски држави и звучни имиња од боречкиот спорт.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски потенцираше дека традицијата продолжува благодарение на вредните спортски работници од Боречката федерација, а Агенцијата за млади и спорт е секогаш тука да даде поддршка за развој на борењето.
„Борењето е најтрофејниот спорт во Република Македонија, и иако во изминативе години изостанаа големи резултати, интересот кај младите за борење е зголемен, а очигледно со ангажман на раководните луѓе на федерацијата, борењето се враќа на македонската сцена на голема врата“, истакна Каевски.