Македонската заедница во Австралија вчера ги додели признанијата за најуспешни Македонци во Австралија за 2019 година, а Мишела и Маријана Димоски и Кириана Камческа се прогалсени за најсупешни Македонци во областа на спортот.
Тие признанието го добија за освоените медали од Карате 1 Премиер Лигите во Салзбург, Истанбул, Дубаи и шампионските титули на Националното првенство на Австралија.
Ппризнанијата ги доделува македонската заедница и ТВ Ин (македонска телевизија) на најуспешните Македонци во Австралија во бизнисот, спортот , науката…
Утре Маријана, Мишела и Кириана заминуваат за Дубаи каде што ќе ги почнат годинашниве натпревари во Карате 1 Премиер Лигата. Минатиот викенд тие биле на подготовки во Сиднеј.
Ipon.mk