Македонската традиционална таеквондо федерација доби Решение од АМС

Точно по 31 година постоење Македонската традиционална таеквондо федерација доби Решение дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт. МТТФ го негува таеквондо ИТФ.

Таеквон-до ИТФ во Македонија го донесе г-н Саша Поповски носител на црн појас 5 дан, некогашен репрезентативец на Југославија,  кој за време на распадот на СФРЈ, односно војната, бил приморан да се пресели во Македонија. Тој го отвора првиот клуб на 22.02 1992 година во Охрид, кој и ден-денес опстојува под името Таеквон-до клуб „Мастер“.

„Во изминативе триесет години имаме учествувано на  седум светски и шест европски првенства. Имаме осовено 3 медали од светските шампионати – златен, сребрен и бронзен, а на европските првенства 6 – 3 бронзени и 3 сребрени медали“, изјави Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас 5 дан, поранешен светски вицешампион во Прага 1996 г., сегашен  претседател на МТТФ.Тој е трет претседател на МТТФ и ученик на Саша Поповски, кој користи прилика  да изрази огромна благодарност до Агенцијата за млади спорти  и директорот Наумче Мојсоски.

Честитки до АМС  и до директорот на АМС, Наумче Мојсоски, вели Лазаревски, пристиганаа и од првите луѓе на ИТФ (Интернационална таеквондо федерација), претседателот проф. Ри Јонг Сон и претседателот на ЕИТФ (Европската интернационална таеквондо федерација) гранд мастер Мајкл Е. Пруит.

Како за старт  МТТФ му ја додели честа  на Таеквондо клуб Мастер од Охрид, како најстар клуб,  да го организира првото Државно првенство во таеквондо ИТФ на 11 март  2023 година во спортската сала (мала сала)Билјанини извори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON