По покана на претседателот и селектор на Македонската таекводно федерација (МТФ) д-р Борче Костовски во изминативе два дена се одржа семинар со еден најдобрите тренери во регионот Христо Михалчев.
Христо е тренер на Таеквондо клубот Гладијатор од Дупница, Бугарија. Тој е поранешен селектор на бугарскиот национален таеквондо тим.
„Христо Михалчев во Скопје пристигна со тројца бугарски репрезентативци, од кои Митко Џорџев е освојувач на сребрен медалист на ЕП за сениори и Александар Џорџев, европски и светски јуниорски шампион.
На семинарот учествуваше македонскиот национален тим јуниори и сениори.
Семинарот помина одлично, договорена е и следна соработка“, велат од МТФ.