Д’Стронгест го направи своето деби на џудо борилиштата во Македонија на Државното првенство за деца и кадети во Прилеп и тоа шампионски. Македонската Ронда Русеј, Даниела Алексовска, стана државен првак во конкуренција на деца.
Таа во две борби го победи минатогодишниот државен првак.
Срна Миткова го освои сребрениот медал, а Леон Митков бронзнеиот.
„За нашите натпреварувачи ова беше прв турнир во џудо. Се справуваа со многу поискусни противници кои тренираат само џудо; се справуваа со многу поразлични правила од БЏЏ; сепак, на крајот, како екипа, имавме успех“, рече тренерот Ивица Алексовски.
Да посетиме дека Даниела иако се уште е мала имаше импресивни настапи на два меѓународни турнири во бразилско џиу џицу, каде што ги освои првите места.
Д’Стронгест продолжува со подготовките за претстојниот меѓународен турнир во БЏЏ за деца од 5 – 17 години на 3 април во Белград, „БЏЏ Јуниор 2“. Скопскиот клуб ќе патува со 12-13 натпреварувачи и очекуваат успешен настап.
Ipon.mk/В.Д.