Скопје од 28 до 30 април е домаќин на 13. Балкански кендо куп во целосна организација на МКИФ (Македонска кендо иаидо федерација).
Купот ќе се одржи во спортскиот центар Форца.
Ова е најголемиот Балкански кендо куп до сега со над 160 пријавени учесници од 11 земји: Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Романија, Турција, Грција и Малта како гостин.
Борбите ќе се одржуваат истовремено на неколку борилишта (шиаи), а се поделени во следните категории (индивидуални и тимски).
Македонската кендо репрезентација ќе настапи во состав:
Сениори М:
1.Глигор Дубровски (МИ/МТ/В)
2.Владимир Пешков (МИ/МТ)
3.Александар Бондиков (МИ/МТ)
4.Матеј Ивановски (МИ/МТ)
5.Менсур Бојда (МИ/МТ)
6.Александар Кеско (МИ/МТ)
7.Андреј Александров (МИ/МТ)
8.Олег Бичковски (МИ/МТ)
9.Дино Конески (МИ/МТ)
10.Дарко Велковски (МИ/МТ)
11.Александар Петрески (МИ/МТ)
Сениорки Ж
1.Ангела Атанасовска (ЖИ/ЖТ)
2.Ивона Лазаровска (ЖИ/ЖТ)
Јуниори А/Б
1.Матеј Илиоски Ј-Б
2.Димитар Крстевски Ј-Б
3.Меланија Крстевска Ј-А
4.Максимилијан Климоски Ј-А
5.Давид Алексовски Ј-А
6.Михаил Миленковиќ Ј-А
7.Јована Андоноска Ј-А
8.Гордан Чоланчевски Ј-А
9.Јован Петровски Ј-А
*МИ – мажи индивидуално
*МТ – мажи тим
*ЖИ – жени индивидуално
*ЖТ – жени тим
*ЈА – јуниори А
*ЈБ – јуниори Б
*В -Ветерани
„Тежината на овој Куп е во тоа што за златниот медал ќе се борат повеќе од 80 натпреварувачи во индивидуална категорија. Во индивидуалните категории на кендо натпреварите, без разлика колку борци се пријавени (некогаш бројот преминува и преку 120) на крајот освојуваат медал само 4-ца, 2 бронзени, 1 сребрен и 1 златен.
Ако се земе предвид фактот дека оваа година има најголем број пријавени натпреварувачи до сега на балканските првенства, пред се се надевам на успешен турнир, а очекувам успех на секое поле, но најмногу во јуниорските и тимските категории”, изјави тим лидерот и тренер на националниот тим Андреј Атанасовски.