Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда предаде кендо опрема, донација од Јапонската кендо федерација за Македонската кендо – иаидо федерација.
Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда заедно со Златко Кесковски, претседателот на Македонската кендо – иаидо федерација одржаа церемонија за примопредавање на кендо опрема, донација од Јапонската кендо федерација.
Јапонската кендо федерација обезбеди 40 шинаи и 20 комплети на кендо опрема за македонската федерација како признание за нејзините континуирани напори за промоција на оваа традиционална уметност. Ова е трета донација од страна на Јапонската кендо Федерација.
Кендо е традиционална јапонска боречка вештина која потекнува од мечувалството (кенџутсу), се користат мечови од бамбус (шинаи) и заштитен оклоп (богу). Кендото е присутно во Јапонија, но и во многу земји низ целиот свет.