Во сабота и во недела нашата џиу џицу репрезентација ќе учествува на 20-от Меѓународен турнир „Словенија опен“ во Марибор.
На турнирот се пријавени околу 500 натпреварувачи од 11 држави. Нашата репрезентација брои 10 натпреварувачи, а со нив ќе патуваат двајца тренери.
Во склоп на овој турнир ќе се одржи и првото коло од „Јадранската лига”, а Македонија со сениорската екипа е уечсник од самото основање. Минатата нашата екипа го освои третото место.