АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Македонската џиу џицу федерација ги прогласи најдобрите за 2025 година – Катерина Ацевска и Данил Николиски најдобри сениори

Македонската џиу џицу федерација ги прогласи најдобрите спортисти за 2025 година во рамките на годишното Собрание што се одржа во Општина Илинден.

Најдобри сениори се Катерина Ацевска од Дан кју и Данил Николиски од Осенсеи, додека кај јуниорите признанијата ги понесоа Марија Треневска – Соке и Зоран Колевски – Дан кју.

Најдобри кадети се Анамарија Чапараткова и Антонио Стојчески од Ангели. Најперспективни пионери се Нина Карева – Осенсеи, Марио Ангеловски – Катана, а Ана Ацевска – Соке и Јован Шишков – Осенсеи кај децата.

Федерацијата, покрај пехарите, додели и праични награди на спортистите, како и спортска опрема.
„На сите им посакуваме многу успех во 2026 година со желби за уште поголеми успеси“, порачаа од МЏЏФ.



