Македонската џиу-џица федерација (МЏЏФ) во понеделник (15 јануари) ќе го одржи осмото Генерално собрание во просториите на Федерацијата со почеток во 19 часот.
На дневен ред ќе се најдат следните точки:
1.Усвојување на годишен извештај за работата на Македонската џиу џица федерација во 2017 година
2.Избор на генерален секретар
3.Насоки за работа во 2018 година
4.Други активности и работи согласно законите на Статутот.