На 11 и 12 јуни се одржа јубилејниот 15-ти карате турнир Промо тур Биене/ Бил за пионери, кадети и јуниори до 18 години, на кој учествуваа 380 каратисти од 28 клуба од Швајцарија со 680 натпреварувачки влезови во кати и борби.
Ова е најголем национален турнир во Швајцарија и околината на Европа под закрила на Швајцарска карате федерација и Свис карате унијата, кој следеле на 3000 гледачи.
За сето ова е заслужен нашиот Борис-Борче Лескаровски од Кичево. Сенсеи Лескаровски, однонсо неговиот клуб Карате до Кашивакан е организатор на овој најголем и квалитете турнир во Швајцарија.
Борче Лескаровски е водечки Македонец во дијспората со два клуба и 140 ученици, а ќе потсетиме дека во 2019 имаше четворица репрезентативци. Неговите ученици во вкупниот пласман на турнирот се на 6. место со 4 златни, 6 сребрени и 6 бронзени медали.
Швајцарската федерација и претседателите на му укажаа посебна чест и му честитаа за организарањето на турнирот, нагласувајќи го негопвиот придонес за швјацарското карате.
Во склоп на турнирот, на кој судеа 80 судии, се одржа и полагање.
Сенсеи Лексаровски своите вештини и знаења ќе ги пренесе и на македонските каратисти во август, кога ќе одржи семинар во родното Кичево.