На годишното Собрание Македонската џиу џица федерација ги разгледуваше минатогодишните активности и активностите во 2016 година.
Како посебно достигнување претседателот Александар Ацевски го истакнато признавањето на Македонската џиу џица федерација во Светската џиу џица федерација,
Донесен е заклучок, во рамките на меѓународната програма, Федерацијата односно преку клубовите да се настапи на следните меѓународни турнири: Роби рајх опен – 16.-17 април 2016 – Словенија, Сај опен – 23 април 2016 – Србија, Будва опен – 7 мај 2016 – Црна Гора, Алексинац опен – 21 мај 2016 – Србија, Видовдан опен – 25 јуни 2016 – Р.Српска, Темерин опен – 15 октомври 2016 – Србија, Источно Сараево опен – 22 октомври 2016 – Босна, Скопје опен – 05 ноември 2016 – Македонија
Како опции е предложено учество и на турнирите во- Динамо Русе -Бугарија – октомври, Благоевград- Бугарија – јуни, Ханау -Гернанија – мај и Балканското првенство Кипар – 23 -25 септември.
Во овој дел ќе се направи обиде за учество на семинари во странство, како и на судиски семинари организирани од страна на Европската федерација.
И оваа година нашите клубови ќе настапат во Јадранската лига и тоа: во Марибор, Алексинац и
на финалето во Бања Лука.
Во делот на националната програма како приоритет за 2016 година се наметнаа повеќе активности:
– основање на уште еден клуб за џиу џица,
– да се организира Државното првенство кое би се одржало во Штип во месец март, поради малкуте активности во овој месец,
– да се организира по шести пат меѓународниот турнир Скопје Опен 2016 кои е веќе на Европскиот календар овојпат со уште повеќе борци и Држави учеснички,
– да се учествува на Меѓународен судиски семинар.
Ipon.mk/В.Д.