Македонија е трета на Балканското првенство за кадети во Бурса-Турција по бројот на освоени медали и поени. Нашата репрезентација успехот го постигна во конкуренција на 11 нацинални селекции во слободен стил.
Елмедин Сејфулаху, Минир и Ријад Реџепи не ги искоростија шансите за медали. Минир Реџепи (-54 кг) во полуфиналето беше поразен од Јуан Михали од Романија, а Сејфулаху од е совлдан од Призрени од Албанија и Ријад Реџепи загуби од романскиот борач Георге Константин.
Така, Македонија досега освои три бронзени медали.
Земри Авдили (-42 кг) освои бронзен грчко-римски стил, Фати Вејсели во категоријата до 50 килограми, совладувајќи го Гркот Нарек Грикоријан со технички туш, односно 10-0.
ipon.mk/В.Д.