Македонија на Светското сениорско првенство во борење слободен стил ќе учествува со тројца борачи: Владимир Егоров (57 кг), Елмедин Сејфулаху (61 кг) и Мохамедгаџи Нуров (97 кг).
Светското првенство се одржува во Парис, Франција, од 21 до 26 август.
Конкуренцијата е исклучително тешка, а со поволен жреб може да се надеваме на некој подобар резултат на Нуров кој на Европското првенство имаше борба за бронзениот медал, потоа на Егоров, додека за младиот Сејфулаху овој шампионат ќе полсужи за собирање на искуство.
Ipon.mk/В.Д.