Македонија со тројца боксери на „Златна војводинска ракавица“ во Суботица

Македонија ќе настапи со тројца боксери на силниот Меѓународен турнир „Златна војводинска ракавица“ што се одржува во Суботица, Србија, од 13 до 18 септември.

За Македонија ќе настапат: Ален и Ружди Рустемовски и Филип Ивановски под водство на тренерите Васко Цубалевски и Јове Петровски.

На турнирот нашата Федерација ќе биде застапена со тројца судии: Фросина Манева, Радмила Симевска и Стефан Цубалевски.

На 40.„Златна војводинска ракавица“ ќе настапат 226 млади боксери од 24 држави во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON