Македонија со пет натпреварувачи на Европското маи таи првенство во Турција

Македонската кикбокс маитаи федерација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко денеска заминаа на Eропското мај тај превенство за сениори и  јуниори на ИФМА кое почнува денес и ќе трае до 20 февруари во Истамбул, Турција.

За македонската репрезентација ќе настапат:

  1. Бобан Илиоски -81 кг сениори
  2. Еркан Мурат -75 кг сениори
  3. Миа Тодорова -63,5 кг од 17-23 год.
  4. Силвио Мировски -60 кг јуниор 14-15 год.
  5. Горјан Ристовски -71 кг јуниор 16-17 год.

На ЕП ќе учествуваат над 1000 натпреварувачи  37 држави.

„Нашите репрезентативци периодов работеа напорно на тренинзите, воедно работеа на тоа да ја постигнат договорената килажа за целната категорија. Маи таи првенствата се најтешкиот стил на борба од сите боречки спортови, бидејќи има удари со раце, нозе, колена, лакти, но и маи таи фрлања. Маи таи е спорт кој бара исклучителна кондиција , моторика и техничка подготвеност на борците за учество на вакви официјални европски и светски аматерски ИФМА првенства на кои уцество земаат најподготвените борци во светот“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON