За Европското првенство во кик бокс за постари кадети и јуниори во Будва, Црна Гора, од 5 до 14 ноември, од Македонија се пријавени пет натпреварувачи.
Во составот на македонската кик бокс репрезентација се:
-47 кг Исмаел Туркер – постари кадети, кик лајт
-57 кг Силивио Мировски – јуниори, К-1
-48 кг Олгица Орешкова – јуниори, лоу кик
-71 кг Горјан Ристовски – јуниори, К-1
-65 кг Миа Тодорова – јуниори, К-1
На ЕП ќе настапат 1163 кикбоксери со 1466 натпреварувачки влезови од 39 држави.