Викендов во Блеград се одржа семинарот во чест на родоначалникот на реалното аикидо Љубомир Врачаревиќ на кој учествуваа аикидисти од Србија и Македонија. Врачаревиќ почина пред 10 години, а негoвиот пат продолжува предводен од ќерките Ана и Сања Врачаревиќ.
Македонија предводена од мајсторот на реалното аикидо, Ѓуро Илиќ, настапи со 45 спортисти. Илиќ имаше своја сесија на семинарот.
На семинарот учествуваше и каратистот Милан Димириески кој живее во Белград.