Македонија со 22 медали е втора на Балканското првенство!

Makedonija na Balkansko

Македонија на Балканското првенство за деца во Херцег Нови, Црна Гора, е втора во вкупниот пласман по бројот на освоени медали 22, од кои шест се златни, три сребрени и тринаесет бронзени (6-3-13).

Убедливо прва е репрезентацијата на Турција со 46 медали (20-10-16), додека трета е репрезентацијата на Србија 25 (6-2-17), а Босна и Херцеговина 29 (4-6-19) и Црна Гора 18 (4-6-8) ја дополнуваат петорката на најдобри репрезентации.

Да потсетиме дека златни медали за Македонија освоија Ѓорги Петров (Партизан-Кочани), Јусра Адеми (Форца), Бенан Хоџиќ (Кеикс), Столе Смилковски и Фахиќ Весели (Олимпик спорт) и репрезентативниот ката тим 13-14 години, сосатвен од каратистите на Гладијатор од Велес- Ј. Васиќ, Г. Бановски и Х. Димитриевски.

Сребрени медали освоија: Георги Бановски (Гладијатор-Велес), Дритон Халими (Камиказе) и машкиот ката тим 11-12 години – Д.Спасовски, Т. Мишов и К.Бојарски од Фунакоши Гичин .

Бронзени медали за: Абдурахим Идризи (Форца), Симона Николовска (Ботони), Дардан Цека -Шкендија, Ирена Ристиќ -Ботони, Александар Неделковски (Металург), Бујар Идризи (Шкумбини), Арбен Ферати (Башкими 2002), Глигор Хаџикимов (Штип), Владанка Аврамова (Урбан инвест), Иво Мишачковски (Металург), Мики Живков (Ботони), Лирим Емини (Башкими 2002-Куманово)   женскиот ката тим 13-14 години, во состав: В.Аврамова, М.Маневска и И. Муфтарова од Урбан инвест.

Screenshot 2015-06-02 10.26.23

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON