На вториот натпреварувачки ден на Балканското првенство во кендо, македонската репрезентација во екипна конкуренција стигна до четвртфиналните натпревари, каде што за еден поен загуби од репрезентацијата на Србија.
Прво место во екипна конкуренција освои репрезентацијата на Србија, второ место Црна Гора, а трето место Бугарија. Дополнително репрезентација на Македонија доби награда за борбен дух.
Следното Балканско Првенство во Кендо ќе се одржи во септември во 2016 година во Темишвар, Романија.
Вчера Олег Бичковски во конкуренција на 36 натпреварувачи освои бронзен медал во пионерска конкуренција.
Нашата репрезентација учествуваше со 10 натпреварувачи во јуниори и сениори.
ipon.mk/В.Д.