Македонија остана без медал на Светското карате првенство во Шпанија

Македонската карате репрезентација остана без медал на Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, затоа што денеска никој не ги забележа потребните победи за медал.

Во најдобро светло денска се покажа Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми. Таа забележа три победи, а во четвртата доживеа висок пораз од 0-6 од Абделазиз од Египет, која, за жал, не влезе во финалето да ја повлече во репасажот.

Така, на ова Светско првенство останува со две петти места на кадетско-јуинорскиот ката тим (мажи) и Марио Свинарски (-57 кг) во кадетска конкуренција и деветото место на Симона Симовска (-59 кг) кај јуниорите.

Свинарски може да жали што загуби на изјаснување за бронзен медал. Сепак, Роберто Ацковски (-68 кг, јуниори) е најголемиот трагичар на СП, бидејќи ја имаше победата против Казахстанецот Абилмансур Батиргали 6-4, а беше дисквалификуван. Со победата обезбедуваше пласман во полуфиналето и можност за влез во финале. Во краен случај, ќе имаше борба за бронзен медал.

Резултати

У-21 борби
-68 кг – 42 натпреварувачи
Ангела Мојсовска – Ралука Бачиу (Романија) 9-0
Ангела Мојсовска – Јелена Калајџиќ (Австралија) 2-0
Ангела Мојсовска – Дилза Улури (Швајцарија) 2-1
Ангела Мојсовска – Ферјал Абделазиз (Египет) 0-6

60 кг – 55
Давид Петков – Силвестре Родас (Боливија) 9-4
Давид Петков – Фабрицио Виндрола (Перу) 1-0
Давид Петков – Ангел Циснерос Медина (Шпанија) 0-4

67 кг -65
Димитар Илиевски – Мотаз Дарагхма (Палестина) 3-0
Димитар Илиевски – Хозе Валдивија (Перу) 0-8

-75 кг -69
Петар Заборски – Лубос Џацовски (Словачка) 0-3

84 кг – 56
Петар Спасеновски – Махди Гараризадех (Иран) 2-8

+84 кг – 38
Семир Ќосовиќ – Рикардо Пино (Чиле) 2-0
Семир Ќосовиќ – Себастијан Брајиц(ќ) 0-0 (на изјаснување)
Семир Ќосовиќ – Богдан Трикос (Србија) 0-2

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON